Свет

Испукана ракета: Продолжуваат со провокации

Испукана ракета: Продолжуваат со провокации

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Според јапонската крајбрежна стража, проектилот веќе паднал, пренесуваат агенциите, истакнувајќи дека ова е прво лансирање на севернокорејско ракетенo лансирање оваа година.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала неидентификувана балистичка ракета кон Источното Море, без да даде дополнителни детали, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Тензиите на Корејскиот полуостров се високи откако Пјонгјанг го лансираше својот прв воен шпионски сателит во ноември, а во декември Северна Кореја соопшти дека ја тестирала својата најнова интерконтинентална балистичка ракета во обид да ја покаже борбената готовност на своите нуклеарни сили против САД.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатата недела изјави дека нема намера да избегне војна со Јужна Кореја и предупреди дека јужниот сосед на Пјонгјанг ќе биде уништен доколку се обиде да употреби сила против Северот, објави Јонхап.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни