Свет

Истече амонијак од хемиска фабрика во опколениот град Суми

Истече амонијак од хемиска фабрика во опколениот град Суми

Се појавија извештаи за истекување на амонијак од хемиска фабрика во опколениот град Суми. На жителите во радиус од 5 километри им е наредено да се евакуираат поради опасниот гас.

Украинските власти подоцна соопштија дека истекувањето било задржано. Погоди област во радиус од 2,5 километри од Сумихимпром.

Не е наведена причината за истекувањето на амонијак од централата во источната периферија на градот со население од околу 263.000 жители.

Суми е редовно гранатиран од руските вооружени сили од почетокот на војната во Украина, потсетува АП.

Нема опасност за населението, соопштија подоцна украинските власти, цитирани од ДПА. Цивилната заштита го опиша истекувањето како незначително.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни