Истече рокот за потврдување на кандидатите за градоначалници и советници

На полноќ истече рокот во кој официјално требаше да ги потвредат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје, поднесени од политичките партии, коалициите и група граѓани за учество на локалните избори.

Вака потврдените листи, општинската изборна комисија ги доставува до ДИК која најдоцна до 23-ти септември, треба да изврши ждребување за нивниот редослен на гласачките ливчиња.

Изборите се закажани на 17-ти октомври.