Македонија

Истечената контаминирана вода во Охис е собрана – жителите се жалат на тегобии

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи во текот на денот извршиле увид во кругот на Охис каде се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. Истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. На терен е колегата Јовица Пауноски, кој има повеќе детали.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни