Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Македонија

Истрага за обид за убиство во Шишево

Истрага за обид за убиство во Шишево

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца браќа на возраст од 43 и 44 години, осомничени за обид за убиство како соизвршители.

Според обвинителството, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево.

Сомнежите се дека браќата, по претходна расправија поврзана со сообраќаен инцидент, со пиштоли го чекале оштетениот и неговите придружници.

Еден од осомничените испукал два куршуми, при што го погодил братот на оштетениот во главата и ги довел во опасност и другите две лица кои биле на местото.

Обвинителството побара определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување или довршување на кривичното дело.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни