Владата на Џорџија Мелони објави писмо потпишано од министерот за образование Џузепе Валдитара со кое се забранува користење на мобилни телефони за време на часовите.
Текстот вели дека употребата на мобилни телефони претставува „елемент на одвраќање“ и чин на „непочитување кон наставниците“. Главниот приоритет наведен во писмото е враќање на авторитетот на наставниците. Понатаму, се наведува дека употребата на мобилни телефони и други електронски уреди сепак ќе биде дозволена доколку е за едукативни цели.