Свет

Италијанка била врзана за седиште во авион бидејќи удрила и плукнала по екипажот

Италијанка била врзана за седиште во авион бидејќи удрила и плукнала по екипажот

Една жена била врзана за нејзиното седиште на лет на индиската авиокомпанија, откако удрила и плукнала двајца членови на екипажот на авионот, јави Би-Би-Си.

Италијанката патувала со лет на авиокомпанијата Вистара од Абу Даби до Мумбај. Таа беше уапсена во Мумбаи во понеделникот, но подоцна беше ослободена со полициска кауција.

Нејзиниот адвокат ги негираше обвинувањата, велејќи дека се работи за „лажна приказна“.

Авиокомпанијата соопшти дека нејзиниот персонал морал да ја ограничи жената бидејќи имала „нескротливо и насилно однесување“.

Член на екипажот тврдел дека патничката ги удирала со тупаници и плукнала колега од екипажот.

Се верува дека причината за спорот била тоа што жената сакала да премине од економска во бизнис класа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни