Свет

Италијанските знамиња на половина копје за погребот на Бенедикт Шеснаесетти

Италијанските знамиња на половина копје за погребот на Бенедикт Шеснаесетти

Италијанската влада нареди знамињата во четврток да бидат спуштени на половина копје за погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти, јави ДПА. Знамињата на Италија и на Европската Унија на јавните згради ќе бидат на половина копје низ целата земја.

Погребната церемонија со која ќе претседава актуелниот папа Франциско ќе се одржи утре на плоштадот Свети Петар, по што неговите посмртни останки ќе бидат погребани во криптата на базиликата Свети Петар.

Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече од Светата столица во 2013 година, почина на 31 декември на 95-годишна возраст во својата долгогодишна резиденција во Ватикан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни