Итната медицинска помош ќе работи за новогодишната ноќ

Службата за Итна медицинска помош (ИПМ) со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ итната медицинска помош ќе располага со 10 медицински тима и 8 дежурни ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“.

Се вчитува...

Особено се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци поради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Извор: ТВ21