Иванов: Годинава Армијата да го добие тоа што им припаѓа, да станеме членка на НАТО

Претседателот и Врховен командат Ѓорге Иванов, денеска ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево.

Од таму претседателот Иванов на војниците им ја честиташе Новата година, посакувајќи им здравје, среќа, радост и исполнување на сите нивни очекувања.

Се вчитува...

„Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие она што му припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО“, изјави Иванов од Кичево кој упати честитки и до сите граѓани на Република Македонија за Новата година.

Извор: ТВ21