Македонија

Изгаснат пожарот во атарот на с. Дебреште

Центарот за управување со кризи соопшти дека пожарот во атарот на с.Дебреште со кој беше зафатена површина од околу 4 хектари сува трева е изгаснат.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 6 пожарникари со 1 пп возило и 1 теренско возило, 4 вработени од ЕЛС Долнени, 2 полицајци од ПС Ропотово.

Исто така, биле вклучени 4 лица од месно население кои со 2 трактори вршеле заорување на земјиштето со цел пожарот да не се прошири кон околните куќи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни