На пленарна седница, пратениците го изгласаа Закнот за попис, со кој со месец април ќе мора да се преброиме по 2002 година.
Расправата за Предлог законот во Собранието, со кој треба да се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари. Тогаш беше најавено дека за законот ќе се гласа на продолжение на оваа седница, кое ќе биде дополнително закажано.
Освен владејачката коалиција поддршка за законот дадоа и од албанската опозиција, Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот е опозициската ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе бара негово поништување преку собирање граѓански потписи, за време на гласањето тие не беа во салата.