Македонија

Изгоре борова шума стара половина век – пожарот заробил туристи, доброволци спасувале и животни

Огнената стихија која вчера го зафати Велешкиот регион со себе однесе 200 хектари борова шума. Од автопатот Скопје – Велес до селото Отовица денеска има само пепел и чад. Единственото природно богатство на велешани веќе го нема.

Припадници на армијата, пожарникари, два авиони, еден хеликоптер беа вклучени во акцијата за првично локализирање на пожарот, а потоа и целосно гаснење.

Најкритично било вчера кај бродот „Панини“ каде заробени биле 120 гости. Поради пожарот кој зафатил и дел од мрежата на ЕВН, без струја се уште се туристичките комплекси. Млазовите на вода од хеликоптерот и авионите направиле и штети врз туристичките објекти.

Пожарот во Велес денеска за партиски препукувања го искористија опозицијата и власта.

„Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност“, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ возвратија дека обвинувањата од страна на опозицијата се лажни.

„Лага е дека 5 часа се чекало и не се интервенирало, како што лажнo тврди Ѓорчев. Како што е и јавно познато сите расположливи капацитети биле активирани уште од првите моменти на избивањето на пожарот. Дополнително, се вклучија противпожарни едици од Скопје и од околните градови на Велес, како и припадници на Армијата, со цел навремено локализирање на пожарот и спречување на поголеми штети“, возвратија од СДСМ.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека авионите кои се во нивна надлежност вчера дејствувале на пожарот во Радовишко, но кога било алармирано за ширењето на огнот во Велешко веднаш биле пренасоченени тука. Од ДСЗ тврдат дека двата ЕР трактори значително допринеле во гаснењето на пожарот.

Во вчерашното гаснење на пожарот беше вклучено и месното население, како и доброволни друштва. Едно од нив беше и доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир кои покрај гаснењето спасиле и голем број на животни.

Врнежите од дожд целосно го изгаснаа пожарот кај Велес за кој беа приведени четири лица, а активни пожари моментално има во струмичкиот регион.

Изгоре борова шума стара половина век – пожарот заробил туристи, доброволци спасувале и животни

Изгоре борова шума стара половина век – пожарот заробил туристи, доброволци спасувале и животни

Gepostet von TV21 am Dienstag, 27. August 2019

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни