Како што соопштија од Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот во куќа во с. Батинци избувнал на полноќ на улицата 6 бр.14.
Екипите интервенирале на терен од полноќ до 2,40 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шест возила и 14 пожарникари.
Од огнот се зафатени 100 квадратни метри, а штетата не е утврдена.