Изгубил контрола над возилото и излетал

На локалниот пат Ростушко анче-Ростуше, патничко возило „Цитроен ксара“ со германски регистерски таблици, што го управувал 57- годишниот дебранин Н.А, загубило контрола и излетало од коловоз.

Од излетувањето, тешки телесни повреди задобила сопатничката во возилото В.А.( 54 ), исто така, од Дебар, која веднаш е пренесена во дебарската болница, а по укажаната лекарска помош, префрлена е во охридската болница.

Се вчитува...

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и другите околности.

Извор: ТВ21