Македонија

Излетала од автопатотот Скопје – Велес кај Катланово и починала на само место

Патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци, вчера во 16.30 часот излетало на автопатот Скопје – Велес кај село Катланово.

Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото на несреќата. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни