Излетале од патот Кадино-Миладиновци, едното лице загина, другото е тешко повредено

На стариот пат Кадино – Миладиновци, кај каналот вчера патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.

Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешеки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот.

Се вчитува...

Извор: ТВ21