Четириесет и деветгодишниот Н.Б. од тетовско Копанце, вчера ( 22 ноември ) пријавил дека на 26-ти минатиот месец бил измамен од Е.В(29) од Мала Речица и Ќ.А.( 61 ) од Голема Речица, кои му побарале 8000 евра, наводно за лекување на ќерката на Е.В. во Турција.
Откако им ги дал парите, Е.В. му рекол дека ќе му ги врати за една недела, наводно штом ги добиел веќе собраните 20 илјади евра за таа цел во Швајцарија. Се работи на расчистување на пријавеното.
