Собранието на Македонија попладнево, со 63 гласа ЗА, 1 воздржан и без дискусија ги усвои измените на Кривичниот законик. Со овие измени не се задира во членот 353 од Кривичниот законик кој предвидува казна за злоупотреба на службената позиција, нешто што би ја овозможило амнестијата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети од СЈО. За измените на овој член исто така имаше бројни реакции. Останува членот 275 – в за злоупотреба на постапката за јавен оглас, доделување на договори за јавни набавки или приватно-јавно партнерство, што се поврзува со криминалот за кој е обвинет Сеад Кочан и Василије Авировиќ. Дел од новите измени кои се очекува на стапат на сила ќе биде и новото кривично дело “Попречување на правдата“. Со новиот закон се предвидуваат и повисоки казни за јазикот на омраза. Во моментот кога требаше да се гласаат овие измени, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што најавија, ја напуштија собраниската сала.
4час
