Измени во законот за прекршоци: Пониски глоби за граѓаните

Измени во законот за прекршоци, сето ова значи 75% пониски глоби за граѓаните.

За сторен прекршок, казната за граѓаните ќе биде од 15 до максимум 250 евра, наместо 1.000 како што беше досега.

Се вчитува...

Освен ова се преполовува и казната за нерегистрирано возило повеќе од 30 дена и ќе изнесува 250 евра во денарска противвредност.

За компаниите пак, пред да се одреди глобата ќе се земат предвид неколку фактори како што се остварениот приход, бројот на вработени, како и претходно изречените казни за исти или слични прекршоци. Новина е и тоа што трговец поединец ќе се третира како физичко лице.

Во законот за прв пат ќе се направи и градација меѓу малите, средните и големите претпријатија.

За малите глобата ќе биде од 50 до 2.000 евра, а за средните и големите претпријатија ќе се изрекуваат глоби од 250 до најмногу 10.000 евра.

Со законските измени се воведува и нова категорија “опомена“, а целта на истата е да се не се изрекуваат превисоки казни за помалите прекршоци бидејќи често пати тоа значи и затворање на некои фирми токму поради висината на изречената глоба. Законот влегува во владина процедура.