Македонија

Извештај на Народниот правобранител: Лошите услови во затворите и натаму остануваат нерешен проблем

Извештај на Народниот правобранител: Лошите услови во затворите и натаму остануваат нерешен проблем

Несоодветните услови за сместување во дел од затворите, недоволната кадровска екипираност, предизвиците во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, како и недостигот на специјализирани обуки за дел од персоналот, и понатаму се меѓу главните проблеми во казнено-поправните установи во земјава. Ова е наведено во Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2025 година, кој го презентираше заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска.

Во извештајот се констатира дека слични недостатоци се забележуваат и во полициските станици, каде што и натаму има недоволен број униформирани полициски службеници, несоодветни услови за работа и недостиг на посебни простории за разговор со деца.

Станува збор за 15-ти годишен извештај на Националниот превентивен механизам, во кој се оценува спроведувањето на претходно дадените препораки до надлежните институции. Според наодите, дел од препораките се реализирани, но најголемиот број сè уште остануваат неисполнети.

Во документот се заклучува дека состојбите во голема мера остануваат непроменети, а проблемите што се нотираат со години сè уште не добиле соодветно системско решение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни