Ја откупиле Ајфеловата кула за да го промовираат Меси за нов играч!?

Информацијата дека познатиот фудбалер Лионел Меси после 21 година ја напушта Барселона делуваше изненадувачки.

Клубот објави дека Меси го напушта тимот, а Лапорта објаснува дека доколку Меси продолжел во клубот, истот ќе банкнотирал.

Но, секако дека нема да помине долго време пред познатиот фудбалер да потпише договор со нов клуб.

Според неофицијални информации, негова најнова средина најверојатно ќе биде Париз и тимот на ПСЖ.

Имено, преговорите, наводно се во тек и треба се да биде договорено во следните неколку дена.

Француските медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дека ПСЖ наводно ја откупил Ајфеловата кула на еден ден (10. август) за да може да го промовира Меси, со што ќе го комплетира тимот на парижаните.

За потсетување дека ПСЖ досега ги ангажираше Донарума, Рамос, Хакими, Вајналдум, а во своите редови ги има Нејмар, Маркињос, Верати, Ди Марија, Мбапе.

Останува да видиме дали Меси ќе ја прифати оваа понуда на ПСЖ или ќе се реши за друга средина.