За време на реновирањето на нивниот дом во лондонската населба Волтамстоу, парот Џош и Емили Брукс доживеале неочекувано изненадување.
Под старите табли откриле совршено сочуван дијамантски паркет, чија вредност се проценува меѓу 20.000 и 25.000 фунти.
Додека го обновувале имотот, Џош и Емили забележале мал дел од подот, но не можеле ни да замислат дека вакво скапоцено откритие е скриено под стариот тепих.
Тие повикаа експерт за подови, кој веднаш ја препозна исклучителната вредност на овој дабов паркет, опишувајќи го како еден од најквалитетните што некогаш ги видел.
Наместо да го отстранат, што беше нивната првична намера, тие решија да го задржат паркетот.
@brooks_renovationThis was the moment we first saw the flooring 🤩
Го премачкале со лак за да му го вратат сјајот и да му ја зачуваат вредноста.
Џош додал дека планираат да го избрусат и да го завршат со лак.
Нивната приказна стана популарна на TikTok, каде нивното видео собра над 225.000 лајкови, а коментарите беа полни со ентузијазам!