Поранешниотминистер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, пренесоа неколку медиуми, кои се повикуваат на неговиот адвокат, Александар Новаковски.
Тој вели дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.