Поврзи се

Македонија

Јанева го уценувала и Мицкоски!? „За да го одмрзне партискиот имот, бараше поддршка за СЈО“

Published

on

Партиски штабови, станови, земјоделски површини, имоти, стари куќи е дел од долгиот список кој го замрзна скопскиот Кривичен суд на барање на СЈO пред повеќе од осум месеци.

Барањето доаѓаше од предметот „Талир“, истрага која СЈО ја води против 14 осомничени паритски функционери за незаконито финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Во барањето до основниот суд Скопје 1 беа наведени 2 главни причини:

-Текстот продолжува по рекламата-
  1. Претседателот на партијата Христијан Мицковски во медиумите најави дека ја разгледуваат можноста за продажба или давање под закуп на седиштето на партијата.
  1. На почетокот на 2018 годината партијата продала стан во скопската населба Кисела Вода во вредност од 100.000 евра.

По осум месеци од замрзнувањето, откако беше отворен и предметот „Рекет“ во кој неофицијално е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Мицкоски проговори дека и тој бил уценуван.

„Бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа истата бараше од мене да го поддржам законот за Јавно обвинителство, со цел да го одмрзне имотот на партијата кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и обвинителството го потврди тоа барање“, рече Јанева.

„Талир“ е единствнениот предмет на СЈО кој е во судница, а со обвинение поднесено по рокот од 30 јуни 2017. По овој датум Врховен оцени дека СЈО не смеело да отвора истраги и да подигнува обвиненија. Од првото закажано рочиште поминаа шест месеци и најмалку 9 пропаднати обиди за старт на судењето за Талир.

СЈО во „Талир“ сомничи злоупотреба на 4,9 милиони евра, а бара обезбедување на имот вреден: 68 имотни листови вредни 3,5 милиони евра и т.н. „бела палата“ процената во изградба на 14 милиони евра. Првоосомничен во случајот е тогашниот лидер на партијата Никола Груевски.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com