Македонија

Јанушев: Можам децидно да кажам дека избори на 5 јули нема да има

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во отвореното студио на ТВ24 истакна дека ситуацијата е алармантна поради пандемијата од ковид-19 и институциите мора да бидат фокусирани за решавање на тој проблем.

Тој обвини дека СДСМ и Заев не смеат да притискаат со датуми за избори само за да ја спасат својата кожа, затоа што животите на граѓаните се поважни од фотелјите.

“СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сеуште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5-ти јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има”, вели Јанушев.

Пандемијата зема замав и гледаме дека секојдневно за жал губиме човечки животи. Бројот на новозаболени секојдневно рапидно расте и тоа доволно покажува дека сите мора да бидеме фокусирани да се избориме со корона вирусот, па дури потоа да створиме услови за одржување на избори. Секое решение кое нема да биде суштински разгледано, може да не доведе до здравствен колапс и многу жртви, заврши Јанушев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни