ЈАПОНСКАТА ДИЕТА ГО ОПФАТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ, А ПРИЧИНАТА ЈАСНА КАКО ДЕН: За 2 недели губите и до 8 килограми!

Сакате да ослабете, но дали ви е доста од оние диети кои ветуваат невозможното? Тогаш зошто да не го пробате рецептот на Јапонците кои се познати по здравата исхрана.

Всушност, јапонската исхрана се смета за една од најздравите во светот и тоа е најважната причина зошто живеат подолго, се повитални и подолго изгледаат помлади.

За време на двонеделната јапонска диета можете да изгубите и до 8 килограми. Првите 2-3 дена се малку потешки, но после тоа се оди прилично добро. Може да се спроведува во секое време од годината бидејќи храната вклучена во оваа диета е секогаш достапна. Јапонската диета бара прилично самодисциплина и мора да сметате на тоа. Од друга страна, дали е доволно да изгубите толку килограми за 14 дена?

Мени:

Прв ден (13-ти ден)

-Појадок: црно кафе.

-Ручек: две тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол.

-Вечера: риба на скара или варена.

Втор ден (11-ти ден)

-Појадок: црно кафе, парче црн леб.

-Ручек: риба на скара или варена, салата од зеленчук или зелка со растително масло.

-Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт.

Трет ден (8-ми ден)

-Појадок: црно кафе, тост (од црн леб).

-Ручек: големи печени тиквички, две средни јаболка.

-Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 грама варено говедско месо, салата од свежа зелка со растително масло.

Четврти ден (9-ти ден)

-Појадок: црно кафе.

-Ручек: 1 изматено јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 грама тврдо сирење.

-Вечера: овошје.

Петти ден (10-ти ден)

-Појадок: голем свеж морков со сок од лимон.

-Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол.

-Вечера: свежо сезонско овошје, во количина што ја сакате.

Шести ден (14-ти ден)

-Појадок: црно кафе.

-Ручек: половина сварено пилешко, салата од варена зелка или моркови со растително масло.

-Вечера: две варени јајца, салата од мешан зеленчук.

Седми ден (12-ти ден)

-Појадок: чај без шеќер.

-Ручек: 200 гр варено говедско месо, овошје (сезонски до 200 гр).

-Вечера: изберете вечера од кој било ден освен третиот.

Помеѓу деновите за кои е наведено менито, вие избирате и повторувате храна од кој било ден што ви одговара.

Пред да започнете со оваа диета, задолжително консултирајте се со лекар!