Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во битолската населба Баир беше убиена жена.
Од Обвинителството информираат дека е издадена наредба за обдукција на починатата, а од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.
Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него Обвинителството ќе ја информира јавноста.