Македонија

Јавните претпријатија бараат помош од Влада – во спротивно повисоки сметки за општински услуги

Јавните претпријатија бараат помош од Влада – во спротивно повисоки сметки за општински услуги

Здружението на даватели на комунални услуги, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија даватели на комунални услуги на територијата на целата држава, апелира Владата да помогне во справувањето со последиците од економската криза која се чувствува и во нивното работење во спротивно најавуваат дека ќе мора да ги покачат цените на услугите што ги нудат.

Пеце Милевски претседател на АДКОМ  нагласи дека повеќе години цената на услугите кои ги нудат за граѓаните е на исто ниво, а, како што рече, трошоците за електрична енергија се покачени од три до пет пати, додека цената на горивата се зголеми двојно во споредба од пред година и половина.

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински очекува од септември сметките за електрична енергија да се зголемат за најмалку пет пати. Вели дека во работењето Водовод, струјата е неопходна и оти поради високите зони пумпите работат 24/7.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни