Јелена Ѓоковиќ прошета безобразно скап моден додаток – „За тие пари можеше и стан да купи“

Јелена Ѓоковиќ е некоја која промовира едноставен и скромен живот, па многумина и замерија што шета со облека и модни детали кои чинат неколку стотици илјади евра.

Со оглед на тоа што многумина ја следат нејзината работа и живот, ниту еден детал не може да пропушти во јавноста, а сепак на многумина им се чини дека Јелена не прашува за цена кога станува збор за добро парче.

Она што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи е часовникот што Јелена често го носи. Имено, станува збор за часовник на позната модна куќа чија цена е околу 50 илјади евра.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ неколку пати беше фотографирана со овој часовник на раката, и секој пат тие фотографии предизвикуваат лавина коментари.

И додека некои ја критикуваат за скапите парчиња, тврдејќи дека тоа е во спротивност со ставовите што таа ги промовира, други ја бранат со цело срце, тврдејќи дека не гледаат ништо спорно во гардеробата и накитот што ги носи ако може да си го дозволи тоа.