ЈО отвори предмет за спорниот тендер за набавка на радарски систем

Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, денеска со соопштение извести дека е отворен предмет за случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, после објавената снимка на која се слуша гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Рашковски пред неколку месеци одржа и прес-конференција на која образложуваше дека нема ништо спорно околу тендерот.

„По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас. Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија.

Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното