Балкан

Јотова: Внесувањето на Бугарите во уставот не е наш единствен услов, треба да се почитува договорот и време е за рекапитулација на протоколите

Јотова: Внесувањето на Бугарите во уставот не е наш единствен услов, треба да се почитува договорот и време е за рекапитулација на протоколите

Актуелните спортски немири во Скопје нема да влијаат на одлуката за уставни измени, но внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов на Софија, рече попладнево во телевизиско интервју за БТВ, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

„Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваат… Помина доста време, треба да се направи рекапитулација“, изјави Јотова.

Таа зборуваше и за одлуката на Скопје, односно обвинителството во Битола кое отвори случај во врска со екскурзија на деца од ликовното студио „Мал битолски Монмартр“ кои за време на посетата на Бугарија имале средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

„Жалам што веќе го испратив писмото, инаку сигурно ќе го додадев и случајот од синоќа. Да го испратив до комесарот по човекови права и слободи и да потсетам дека тие деца беа по покана на невладино здружение, а целта беше да не го носат товарот од тоа поколение, навистина да живеат во добрососедство, тие кои ќе не наследат“, додава Јотова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни