Јовески: Груевски ја нема напуштено Македонија на граничен премин

Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, ја нема напуштено Македонија на било кој граничен премин. Ова го изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер“, истакнува Јовески за МИА

Се вчитува...

Тоа значи дека Груевски ја напуштил земјава илегално, а Обвинителството утврдува дали има пропусти на други институции во бегството на екс Премиерот.

„При тоа Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност“, посочува државниот јавен обвинител.

Извор: ТВ21