Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески денеска на прес конференција истакна дека во македонското јавно обвинителство пристигнале претставници на јавното обвинителство на Бугарија.
Тој посочи дека во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите, како и целата документација која ја собрале.
Се работи за документација на агенцијата Беса Транс, регистрација на автобусот како и податоци од Министерството за транспорт и врски.