Македонија

ЈП „Градски Паркинг“ открива дали ќе поскапи паркингот и останатите услуги

ЈП „Градски Паркинг“ открива дали ќе поскапи паркингот и останатите услуги

Од Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, Скопје, соопштуваат дека цените за услугите кои претпријатието ги нуди, остануваат непроменети.

Имено, соопштението на јавното претпријатие следи, по како што велат од таму, многубројните прашања на корисниците поврзани со шпекулации во јавноста за промена на цените.

Од претпријатието нагласуваат дека за секоја промена, јавноста ќе биде известена. Во соопштението ги приложуваат цените кои важат и како што истакнаа се непроменети.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не потпаѓаат на шпекулации и за сите прашања да се обратат до нивните служби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни