Македонија

ЈП ПОЦ: Бесплатен паркинг за новогодишните празници

По повод претстојните новогодишни празници Паркинзи на општина Центар извстува дека на  31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со кои
стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот,
затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите
за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до
16:00 часот.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на
02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на
договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година
(четврток) со вообичаено работно време.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни