Македонија

ЈП Улици и патишта -Скопје со интервенции на улиците по силното невреме во градот

ЈП Улици и патишта -Скопје со интервенции на улиците по силното невреме во градот

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд.

Денес 20тина крстосници се целосно искчучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.

Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците.

Екипите продолжуваат со потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни