Телата на најмалку 17 млади луѓе се откриени во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка, соопшти локалната полиција.
Жртвите се на возраст од 18 до 20 години, изјави полицискиот функционер Тембинкоси Кинана и додаде дека во тек е истрага за околностите во кои загинале.
Tелата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.
На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.
Голем број луѓе се собраа недалеку од клубот во источен Лондон, милионски град на Индискиот Океан, на околу 700 километри јужно од Јоханесбург.