Свет

Јужнокорејските власти се извинија за трагедијата во Сеул

Јужнокорејските власти се извинија за трагедијата во Сеул

Министерот за внатрешни работи на Јужна Кореја  и шефот на полицијата на главниот град се извинија за саботната трагедија во која десетици млади загинаа во стампедо на Ноќта на вештерките.

Директорот на органите на прогонот за прв пат призна грешки.

Тој рече дека неколку часа пред инцидентот полицијата добила неколку пријави за потенцијално опасна ситуација, но не презела ништо.

Властите наредија истрага. Во меѓувреме, бројот на жртвите се искачи на 156. Во Јужна Кореја е прогласена 7-дневна жалост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни