Македонија

К-15 мора да се исплати до 31 декември – кој има право и колкав е износот?

К-15 мора да се исплати до 31 декември – кој има право и колкав е износот?

Работниците во приватниот сектор и годинава имаат право на регрес за годишен одмор, познат како К-15, кој работодавачите треба да го исплатат најдоцна до крајот на годината. Минималниот износ за 2026 година е околу 19.116 денари.

Право на К-15 имаат вработените кои во текот на календарската година работеле најмалку шест месеци непрекинато кај истиот работодавач.

Висината на регресот не е однапред утврдена како фиксна сума, туку се пресметува според просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се исплаќа регресот.

Според правилата, К-15 треба да изнесува најмалку 40 отсто од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци. Во зависност од условите предвидени со колективниот договор, регресот може да биде исплатен и во повисок износ, при што максималниот неоданочен износ може да достигне до 100 отсто од просечната плата.

Крајниот рок за исплата на К-15 е 31 декември во тековната година.

За работодавачите кои нема да го исплатат регресот се предвидени парични санкции. Законодавството предвидува санкции и во случаи кога работникот е присилен да му го врати исплатениот К-15 во готовина, а за ваквото постапување може да следува и затворска казна до една година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни