Ташната од марката „Луи Витон“ која Бојан Јовановски и Зоран Милевски на 20 февруари оваа година ја добиваат од бизнисменот Орце Камчев во неговата куќа на Водно, била верен придружник на Јовановски кога патувал.
На социјалната мрежа „Инстаграм“ Јовановски неколку часа пред да отиде во домот на Камчев објави фотографија со тогашниот уреник на телевизијата. На која напишал „Нека грее силно“. Неколку часа подоцна, што се потврдува преку објавените снимки од италијанскиот весник, се гледа како Јовановски и Милевски ги добиваат парите.
Два дена подоцна, истата ташна во која имало 1 милион евра, се гледа на фотографијата објавена од Јовановски на „Инстаграм“ со локација во Белград. Пишува: „Патот може да продолжи“.
Ташната од истата марка и големина, но овој пат празна се појавува како реквизит и на најавна шпица од телевизијата во која се претставуваше како сопственик.
За индициите уште пред почетокот на истрагата за наводно снимање и рекетирање Јовановски беше прашан и во последното негово интервју за како што велеше неговата телевизија.
„Јас сум се гледал со Јордан Камчев, во време кога излезе од затворскио притвор за случајот „Империја“. И тоа е точно. Околу фамозните приказни за куферчиња и за сето тоа ги отфрлам како невистинити. За тоа дали ме снимал Јордан Камчев, тоа си знае само Јордан Камчев“, изјави Бојан Јовановски во последното негово интервју за 1ТВ.
А доколку те снимал што би можел?
Ништо. Доколку има такво нешто прво е напрвено незаконски,и тоа е кривично дело и доколку дојде до такво нешто нормално дека во свое време ќе го дадам соодветниот одговор.
Но, извори на ТВ21 од истрагата велат дека кешот не е изнесен преку граничните премини, ниту пак влезен во финансиските текови. Институциите веруваат дека наскоро ќе се „појави“ кешот кој го дава Камчев за да купи слобода во случајот „Империја“ на СЈО.
Другиот милион, пак кој две градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот Сојуз на Боки 13-ка во голем дел најверојатно е и потрошен.
Сојузот на Боки 13-ка лани ја завршил годината со 11 евра на сметка. Прикажал приходи од околу 3.000 евра кои ги добил од членарини, подароци, донации и потрошил речиси толку за материјални расходи, помош и дотации. Претходната пак 2017 година немал обврска да достави завршна сметка оти имотот и приходите на Сојузот не биле повисоки од 2.500 евра.
РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ