Балкан

Кафе 40 денари, морето на 20 метри, детски играчки на 5 метри – цени за Албанија 2023 година

Кафе 40 денари, морето на 20 метри, детски играчки на 5 метри – цени за Албанија 2023 година

На друштвените мрежи се споделуваат повторно фотографии од Албанија како најевтина туристичка дестинација и за ова лето.

На споделената фотографија пишува дека едно кафе на плажа чини само неверојатни 40 денари.

Притоа се наведува дека морето е на 20 метри од вас, а на 5 метри се детските играчки.

Цените во маркетите се поевтини од кај нас, а одличен апартман може да најдете и за под 50 евра.

Албанија излегува на Јадранско и Јонско море и опфатена е со сонце повеќе од 300 дена годишно.

Со просечна температура во лето од 25 степени, извонредна природа и најубави плажи во Европа, топло ги дочекува гостите од Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни