Кај нас сосема нормално и се прави со децении, но во Канада жена е критикувана зошто на детето му ги дупнала ушите!

Една млада мајка е мета на критики на некои родители поради нејзиниот „непотребен“ чин на дупчење на ушите на нејзиното бебе, кога тоа имало само четири месеци.

Имено, мајката на три деца Сенди, откри дека имала дупнати уши како бебе и им заблагодарувала на родителите за одлуката, а сега одлучила истото да го направи на своето бебе.

Таа очекувала поддршка откако го однела своето бебе во професионален салон за пирсинг.

„Препорачливо е дупнувањето на ушите да се направи порано за да има помала веројатност дека детето ќе си ги влече ушите, но сепак лекарите не даваат конкретна препорака за тоа кога на бебињата треба да им се дупнат ушите, односно одлуката е во рацете на родителите.

Единствениот предлог е да бидат постари од три месеци.

На видеото објавено на „TikTok” се гледа како Сенди седи со своето бебе во скут, додека друга жена му ги дупнува ушите на бебето, додека пак во коментари велат дека таа е „монструм“, што му задава таква болка на своето бебе.

Сепак, додека едни ја критикуваат, други се јавија со поддршка велејќи дека на некои места се дупнуваат ушите на децата многу рано во животот, а таков пример имаме и во Македонија.

Инаку, професионалците претходно ги прободувале ушите на бебињата на возраст од неколку дена – но сепак одлучила да почека четири месеци.