Музика и Филм

Каја подготвува репертоар за Music Week: Се консултира со публиката за песните

Пејачката Катарина Каја Остојиќ следната недела ќе настапи на фестивалот „Music Week“, а се чини и дека многу се подготвува за да се појави пред публиката.

Пејачката веќе го избра стајлингот за специјална вечер, а овие денови и на репертоарот ќе му дојде крајот.

Имено, Каја се консултираше со своите следбеници на Инстаграм за песните бидејќи сака на сите да им исполни музичка желба.

„Сега, да ве прашам, што најмногу би сакале да слушнете од мене на Music Week? Се пакувам “, напиша Каја во описот на фотографијата.

Луѓето имаа многу музички желби и ги бараа нејзините песни „Lepa, a sama“, „Promaja“, „Plagijat“ и други.

Останува да видиме што ќе подготви пејачката и какви други изненадувања ќе спреми, бидејќи со години не пее во Белград.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни