Како да откриете дали лубеницата е зрела?

Лубеницата е една од вкусните работи кои ни кажуваат дека летото, конечно, стигнало. Ако сакате да се освежите со ова овошје, еве како да препознаете зрела лубеница.

Тежината ќе ви биде вистински сигнал. Кренете ја лубеницата и на чувство оценете – би требало да имате чувство дека е претешка за својата големина.

Лубениците содржат 92% вода и сочна лубеница ќе биде потешка. Напревете споредба со уште неколку во продавницата и одберете ја најтеѓката.

Жолтата дамка на едната страна е следен сигнал. Ако ебела или светла, тоа значи дека лубеницата не стоела долго на поле. Долната страна би требало да биде жолта.

Кората на лубеницата мора да биде темнозелена, со посветли линии. Кога ќе ја подигнете лубеницата обавезно тропнете ја со прсти, ако звучи пошупливо, тогаш е зрела.