Во групата на Фејсбук предводена од британската експертка за чистење „Госпоѓа Хинч“ се појави прашање – како да се ослободите од непријатниот мирис на цигарите дома, а советите со кромид привлекоа големо внимание.
Сè што треба да направите е да пресечете неколку главици кромид на половина и секоја половина да ја ставите во една просторија.
Иако можеби не звучи примамливо, но кромидот ќе ги апсорбира сите мириси што се шират низ собата. По неколку дена, освежете го местото со спреј или освежувач на воздух.
Покрај трикот со кромид, следбениците коментираа и даваа предлози како што се длабинско чистење, шеќерен сапун…
„Добро исчистете сè и пуштете доволно свеж воздух“, гласи еден коментар.
„Доколку чадот навлегол во теписите или ќебињата, тогаш тешко ќе се ослободите од мирисот и подобро е да пробате длабоко миење или едноставно да го замените“.
