Нема потреба да користите скапи омекнувачи, само користете го овој трик кој искусните домаќинки го користат долги години. Тие најдоа различни начини како да го зачуваат и искористат она што го имаат во куќата. Така откриле дека еден чај може да ги омекне крпите.
Трик кој ги омекнува крпите
Иако чајот од камилица е најпознат како смирувачки пијалок, тој е одлично решение кога крпите ќе станат груби.
Потребно е да се свари еден литар вода и во него да се стави грст сушен чај од камилица или една кесичка од овој чај. Кога целосно ќе се излади, процедете ја течноста и истурете ја во леген и потопете ги чистите крпи кои станаа груби. Оставете ги да отстојат 15 минути, исцедете ги и развлечете ги да се исушат, пишува Еспресо, а пренесува Нет.хр.
