Само во Скопје околу 24 лица, за време на синоќешната прослава претерале со алкохолот и завршиле на Токсикологија. 10 од нив се тинејџери, а најмладиот од нив е 15-годишник. Откако добиле соодветен лекарски третман, биле пуштени дома.
Меѓутоа, бројот на оние кои побарале помош на Ургентниот центар бил поголем.
Повеќето од нив немале посериозни повреди, па затоа откако добиле лекарска помош, се пуштени на домашно лекување. И за полицијата, новогодишната ноќ била помирна отколку што очекувале.
Инаку, Спасовски денеска беше на граничниот премин „Богородица“, каде што ги посети полициските службеници во текот на нивното работно време, за кои рече дека заслужуваат секаква поддршка за што поефикасно работење.
Репортер: Бесир Арифи
