Екипажот на авионот кој денеска се урна во Лим, Црна Гора, остана неповреден, благодарение на добрата опрема која им ги спаси животите.
Имено, како што пишуваат црногорските медиуми, мал спортски авион, кој требало да учествува на регатата во Беране, се урнал во реката Лим, во селото Горња Ржаница кај Мурина.
За среќа, авионот бил опремен со специјален падобран кој го отворил и го успорил падот, така што никој од екипажот – пилотот и неговиот придружник не биле повредени.
Станува збор за странски државјани, а превентивно биле прегледани во болницата во Беране.
Инаку, со Меѓународната хидровоздухопловна регата 2023, што се одржува денеска на аеродромот во Беран, се одбележуваат 110 години авијација и хидроавијација во Црна Гора.
Свечената програма на која ќе се обратат организаторите и претставниците на општина Берана која помогна во организацијата на настанот е планирана денеска во 18:00 часот. Засега не се знае дали ќе биде сменет поради несреќата што се случи.
Подстимо, пред неколку дена се урна уште еден авион во населбата Штој во Улцињ во Црна Гора. Потоа две лица се повредени.