Каков ни е денот таква ќе ни биде зимата – Денеска е Свети Георгиј

Денеска 9 декември или 26 ноември според стариот православен календар е Свети Георгиј – Посен, празник кој македонскиот народ го празнува со домашни служби. И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

Помеѓу народот овој ден е познат како ден во кој се определува зимата. Кај постарите луѓе се верувало дека ако денеска е има магла и зимата ќе биде магловита и променлива, а ако е ведро, зимата ќе биде јака.

Се вчитува...

Според ова верување кај нас оваа зима ќе биде доста магловита и променлива.